„Ако го победиме Јувентус, ќе направам фризура како Наинголан!“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Јувентус во минатото коло во италијанска Серија А се спаси против Аталанта, а во последното коло пред заминување на зимската пауза, „старата дама“ игра против Сампдорија.

Првиот човек на Сампдорија, Масимо Фереро, како и навивачите на клубот, едвај го чекаат дуелот со лидерот во италијанскиот шампионат, па даде интересно ветување.

„Имам долга коса, секогаш така ја носам, но ако го победиме Јувентус, тогаш ќе се шишам и ќе направам фризура како таа на Раџа Наинголан“, порача Фереро.

Фереро потоа го критикуваше и расизмот на фудбалските стадиони, а тоа е главна тема во Италија по жестоките навреди од навивачите на Интер кон дефанзивецот на Наполи, Калиду Кулибали.

„Фудбалот е шоу и мора да продолжи, но треба да има повеќе редари за да се грижат за сигурноста. Исто така, на стадионите треба да се направат ќелии, па доколку некои ултраси прават проблеми, треба да ги сметат во нив. На стадионите не треба да има насилство и расизам“, порача Фереро.