Ако замине Коста, Челси ќе даде 75 милиони фунти за Германец


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бразилскиот напаѓач со шпански пасош, Диего Коста има тешки моменти во Челси и неговото заминување од тимот во јануари не е невозможна работа.

Коста неодамна се скара со медицинскиот персонал и тренерот Конте поради една повреда, па поради тоа на крајот не отпатува со тимот во Лестер. А веднаш потоа започнаа шпекулациите дека тој ќе замине од тимот.

Засега е тешко да се каже што ќе се случи, но медиумите пишуваат дека е најдена замената за Коста во нападот.

Тоа би требало да биде Томас Милер за кој Роман Абрамович наводно е подготвен да плати 75 милиони фунти.

Милер оваа сезона игра многу лошо во дресот на Баерн, па на 13 натпревари постигна 1 гол и 5 асистенции.