„Ако Челси победи во дербито, тоа ќе биде крајот!“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот фудбалер на Арсенал, Роберт Пирес верува дека дуелот со Челси е последна шанса за Арсенал во битка за титулата.

Арсенал во минатото коло беше поразен од Вотфорд, па така сега има 9 бодови помалку од Челси и јасно е дека пораз во тој натпревар ќе значи испаѓање од трката за титулата.

„Ќе биде многу тешко по ваков натпревар со Вотфорд, кој го одигравме катастрофално.“

„Имаме шанса во сабота. За мене овој натпревар е како финале. Ако Челси победи против Арсенал, тогаш се е јасно.“

„Челси игра одлично, тие се добра екипа и имаат италијанска филозофија.“

„Тие можеби се посилни, но мораме да веруваме во оваа шанса. Ова е навистина последна шанса.“