Активирана клаузулата за Казорла!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Арсен Венгер донесе конечна одлука уште на 20 декември.

Санти Казорла имаше една клаузула во својот договор која е активирана на 20 декември, а гласи на продолжување на договорот на уште една година дена.

На него договорот истекуваше на крајот на оваа сезона, но ја имаше таа клаузула која е потпишана на споменатиот датум, иако во клубот не се огласија по повод ова.

Сепак, потврдено е на официјалниот сајт на сојузот, па сега на Казорла договорот истекува во јуни 2018 година.

Овој 32-годишен играч за врска моментално е повреден и прашање е кога навивачите на Арсенал повторно ќе го гледаат на терен.

Дури и Арсен Венгер потврди дека опоравувањето од повредата не оди по планот, па можеби Казорла да заигра дури на средината или крајот на февруари.