„Алексис заминува, го бараат 15 клубови!“


Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Стивен Џерард смета дека Санчез ќе замине од Арсенал, а во прв план кажа неколку тимови.

Стивен Џерард зборуваше за Санчез, еден од најдобрите фудбалери во ПЛ, но и човекот кој најверојатно го напушта Арсенал по караницата со Венгер.

„Да, предвидувам дека ќе го напушти тимот, предвидувам проблеми.“

„Мислам дека има многу опции. Тој е одличен фудбалер, врвна класа. Мислам дека има околу 15 тимови кои се заинтересирани за него и кои ќе испратат понуда за него на крајот на оваа сезона.“

Јувентус, Челси, ПСЖ, Манчестер Сити, Интер.. Сите тие се наведуваат како следна станица за одличниот играч.