Алиоски на критиките одговори со погодок (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Езгјан Алиоски веќе неколку недели е мета на навивачите на Лидс за нешто послабите партии во клубот.

Алиоски по репрезентативната пауза како да ја загуби формата која ја имаше на почетокот на сезоната, но на вчерашниот натпревар против Брентфорд го пронајде патот до мрежата.

Нашиот репрезентативец стрелаше прецизно со глава по големата грешка на домашниот голман. Сепак неговиот тим претрпе нов пораз со 3:1 и ја продолжи резултатската криза.

Инаку, ова беше втор погодок за Алиоски во дресот на Лидс.