Алисон: Плачев како мало дете кога си заминував од Рома


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Враќањето на „Чизмата“ беше повод италијанските медиуми да поразговараат со Алисон и да се присетат на деновие кога бранеше за Рома. Бразилецот носталгично се присети на сите успеси и призна дека заминувањето од Олимпико му паднало многу тешко.

„Верувајте ми плачев како мало дете кога си заминував од Рома. Тежок момент беше тоа за мене. Рим ми даде многу, сопруга, дете, пријатели, успеси. Донесов одлука кога беше исклучително од спортска природа, преминав до Ливерпул и направив чекор напред во кариерата, а драго ми е што Рома заработи многу пари со мојата продажба“, рече Алисон, па додаде:

„Рим е одличен град, уживав да шетам по неговите улици. Навечер да се види Фонтана ди Треви е нешто преубаво, но сепак мое омилено место е Колосеумот. Тоа е историја“.

Да потсетиме, Алисон Бекер ова лето премина во Ливерпул за 63,5 милиони евра, што во тој момент беше рекорд за еден голман. Во меѓувреме Челси го помина, го доведе Кепа за дури 81 милион евра.