„Алонсо мисли дека е Бог, едвај чекам да се пензионира“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во квалификациите за Големата награда на Италија пол-позиција освои Кими Раиконен од Ферари, но имаше голем инцидент помеѓу Фернандо Алонсо и Кевин Магнусен.

Данецот беше нервозен, па „удри“ по Шпанецот, кој најави претходно дека ќе се пензионира на крајот на сезоната.

„Не сакав да пуштам да ме помине и така да го жртвувам својот круг. Нема шанси. Знам дека мисли дека е Бог, но нема шанси. Очигледно имаше перфектен правец и мислеше дека може да ме премине, но подобро е да се обеси“, кажа Магнусен.