Ангеловски со офанзивен состав и против Гибралтар (Фото)


Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Селекторот на репрезентацијата на Македонија, Игор Ангеловски се реши повторно со офанзивен состав да се спротивстави на комплетниот аутсајдер, Гибралтар.

Во составот на Македонија се враќаат Алиоски и Елмас кои отсуствуваа против Лихтенштајн поради картони, додека во протоколот ќе го нема капитенот Горан Пандев кој отпадна од комбинација поради жолти картони.