Англиските гиганти не мируваат – Играчот на Лацио се поблиску до заминување!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кој клуб и да го избере од овие 3, тоа ќе биде неговиот најголем чекор во кариерата.

Сергеј Милинковиќ-Савиќ има понуди од Јунајтед, Ливерпул и Челси.

Според медиумите, гигантите веќе некое време го следат и на лето ќе се обидат да го донесат од Лацио.

Тој е еден од најдобрите играчи на Лацио оваа сезона, а затоа што се знае дека Лотито ги продава своите играчи за големи суми, се очекува ова да бидат тешки преговори.

Сергеј минатото лето беше проценет на 20 милиони евра, а се очекува Лацио да бара минимум од 30 за неговиот трансфер.

Лацио му понуди нов договор на Србинот, но тешко дека ќе успее да го задржи.

Покрај Јунајтед, Челси и Ливерпул, Сергеј беше мета и на Арсенал, но таму се очекуваат големи промени во лето.