Англичаните будно ја следат ситуацијата: Марсело со совет до Иско, но Шпанецот не попушта!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Откако пристигна Сантијаго Солари во Реал Мадрид, Иско игра многу малку, па поради тоа е незадоволен и сака да замине од „Сантијаго Бернабеу“.

Во дуелот против Рома, Солари не го повика Иско ниту на клупата за резервни фудбалери, па најверојатно Шпанецот ќе сака да замине уште во јануари, а интерес постои од неколку европски гиганти.

Сепак, соиграчот на Иско, Марсело има што да му каже на својот колега.

„Секој фудбалер сака да игра, но мораш напорно да работиш. Не сум јас некој кој треба да ти дава совети, но сите знаеме што треба да правиме. Мора да работиш. Не сакам да кажам дека не работи Иско, но тоа е фудбалот“, кажа Марсело.

Инаку, Шпанците сметаат дека оваа ситуација ќе се обиде да ја искористи Манчестер сити и да го ангажира во јануари Иско.