„Анри потпиша за Реал Мадрид, а Меси беше многу блиску до потпис!“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот претседател на Реал Мадрид, Лоренцо Санц откри интересни податоци за фудбалерите, кои биле блиску до потпис за „кралевите“ додека тој бил на чело на клубот.

Лоренцо имал многу засилувања, а малку недостигало во Мадрид да заиграат Лионел Меси и Тјери Анри.

Меси одигра важна улога во историјата на Барселона, па ги урна сите можни рекорди и ги освои сите трофеи, но тоа можело да биде различно, доколку потпишел за Реал.

Поранешниот претседател откри дека шансите на Барселона и Реал Мадрид биле идентични.

„Агентот на Марко Асенсио, Хорацио го донесе Меси во Шпанија. Меѓутоа, не знаеше каде да го однесе. На родителите им беше сеедно каде ќе настапи, но на крајот заврши во Барселона“, вели Лоренцо.

Исто така, тој вели дека договор со „кралевите“ имал легендарниот Анри, кој ставил и потпис на договор.

„Анри играше во Монако. Го убедивме да потпише за нас и тоа го направи. Беше во авион и требаше да тргне за Мадрид, но неговиот татко стигна во последен момент. Тој кажа дека се плашат од претседателот на Монако. Се обидов да ги убедам, но тој остана на својот став“, вели Лоренцо.

На крајот Анри се пресели во Јувентус, а потоа во Арсенал, каде што стана голема легенда. А, играше и во Барселона, но неговата кариера ја одбележа со настапите за „топчиите“.