АО: Вавринка лесно против Троицки, Сок не му можеше ништо на Цонга


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Познати се неколку учесници во 1/8-финалето на првиот Грен Слем во сезоната.

Во минатата вечер намаше изненадувања.

Енди Мареј во три сетови го победи Квери со 6:4, 6:2 и 6:4 додека Цонга му дозволи на Сок да земе само еден сет, па може да се каже дека лесно стигна до победата со 7:6, 7:5, 6:7 и 6:3.

Станислав Вавринка беше подобар од Виктор Троицки со 3:1 во сетови, па тој ќе игра против Сепи кој со 3:1 во сетови го победи Стив Дарциус.

Германецот Зверев беше подобар од Јазири со 3:1 во сетови и ќе игра против Мареј во 1/8-финале.