АО: Весус по 13-ти пат во кариерата се пласираше во 3-то коло


Финале ЛШ: Реал Мадрид 15-та, или Дортмунд втора!? ↓↓↓


Американката Венус Вилијамс без поголеми проблеми се пласираше во 3-то коло на Австралијан Опен.

Постарата од сестрите Вилијамс до победа стигна против Фогеле со 6:3 и 6:2 за 1 час и 23 минути.

Да потсетиме, Фогеле е тенисерка која ја елиминираше нашата Лина Ѓорческа во 3-то квалификациско коло.

Вилијамс така стигна до 13-ти пласман во 3-то коло во кариерата на првиот Грен Слем турнир во сезоната.

Во дуелот со Фогеле, на Вилијамс и беше потребно малку време да се загрее и да покаже моќ на теренот. На самиот старт на сетот направи серија од 3:0, но Швајцарката се разбуди и се врати со еден брејк, кој не беше доволен да направи нешто посериозно.

Од водство 3:2 во првиот сет, Американката целосно го контролираше натпреварот и на крајот успеа да стигне до победата.