АО: „Ел Класико“ ќе гледаме во финалето – Надал беше подобар од Димитров по 5 сетови!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Денес се одигра второто ½-финале на Австралијан Опен помеѓу Надал и Димитров.

Натпреварот добро го отвори Надал со брејк во 4-от гејм и потоа рутинска игра и освојување на првиот сет со 6:3.

Во вториот сет беа видени 5 брејкови, 2 направи Надал, но сепак Димитров успеа со еден брејк повеќе, во 12-от гејм да го освои сетот со 7:5.

Третиот сет беше израмнет. Имаше по 1 брејк на двете страни, но сетот мораше да се реши во тај-брејк во кој Надал беше подобар со 7:5.

Четвртиот сет беше сличен на третиот, само што немаше брејкови. Се играше во тај-брејк во кој Димитров беше подобар со 7:4.

Петиот сет беше изморувачки за 2-та тенисери, а Надал успеа со одлична игра да стигне до брејк во 9-от гејм и потоа рутински да сервира за 6:4 и така да стигне до финалето.

Во големото финале во Мелбурн, тој ќе игра против неговиот стар, но добро познат ривал Федерер.