АО: Маратонски натпревар – Кузњецова подобра од Јанковиќ!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најинтересниот натпревар на денешната програма на Австралијан Опен беше тој помеѓу Јанковиќ и Кузњецова.

Првиот сет добро го отвори Светлана со брејк во 3-от гејм и потоа во 5-от за да стигне на крајот до 6:4 и така да го освои сетот.

Вториот сет беше многу поинтересен, а беа видени дури 5 брејкови, 3 од страна на Јанковиќ и 2 од страна на Кузњецова, беа доволни за резултат 7:5 и натпреварот се решаваше во третиот сет.

Таму многу подобро започна Јанковиќ со брејк во 2-от сет, но во продолжение следуваа уште 6 брејкови, односно 4 направи Кузњецова кои и беа доволни за 9:7 и победа во овој натпревар.