АО: Надал и Милош без изгубен сет стигнаа до 2-ро коло!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Вториот ден од програмата на Австралијан Опен ни донесе температури од 35 степени, а немаше ниту многу конкуренција во Мелбурн освен големите температури.

Третиот носител Милош Раониќ брзо го победи Дастин Браун со 3:0, а во наредно коло поминаа и Рафаел Надал, како и Гофан и Зверев.

Надал брзо го реши натпреварот против Мајер со 3:0 во сетови. Тој започна жестоко во натпреварот, па во првиот сет успеа да победи со 6:3. Во вториот и третиот сет истата приказна од првиот, два пати по 6:4 и така стигна до следното коло.

Рајли му направи големи проблеми на Гофан, но безуспешно на крајот додека Зверев одлично започна против Хасе, а потоа мораше да игра 5 сетови.

Во првиот дел од програмата видовме и откажување на Јужњи, како и пласман понатаму на Симон.