АО: Надал преку Багдатис до 3-то коло во Мелбурн!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Заврши и последниот натпревар од машката конкуренција на Австралијан Опен помеѓу Рафаел Надал и Маркос Багдатис.

Одличен натпревар на Надал кој успеа да се пласира во 1/16-финалето на АО.

Натпреварот започна со голема борба, а првата брејк топка на натпреварот не успеа да ја искористи Багдатис. Во продолжение Надал успеа да направи 2 брејка и да изгуби 1 свој сервис и така со 6:3 да го освои првиот сет.

Вториот сет започна катастрофално за Багдатис кој изгуби дури 3 гејма на свој сервис, односно 1-от, 3-от и 7-от гејм и така Надал благодарение на неговата добра игра успеа да го освои вториот сет со 6:1.

Во третиот сет Надал го зголеми притисокот и не успеа да искористи 4 брејк топки во 4-от гејм, но затоа тоа му успеа во 6-от гејм кога успеа да ја искористи својата 3-та брејк топка во тој гејм. До крајот нат натпреварот тој добро сервираше и успеа со 6:3 да го освои и тој сет и така да стигне до победата во натпреварот.

Во наредното коло Надал ќе игра против Зверев кој е 24-то носител на овој турнир, а доколку победи во тој дуел ќе игра против подобриот од натпреварот помеѓу Монфилс и Колшрајбер.