АО: Плишкова и Конта сигурни – Крај за Никулеску


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Каролина Плишкова, 5-та тенисерка во светот успешно се пласираше понатаму на Австралијан Опен.

24-годишната тенисерка ја победи Тормо со 2:0, по сетови 6:2 и 6:0 за само 62 минути.

Интересно, Шпанката до 2-та освоени гејмови стигна преку брејк во седмиот гејм во првиот сет.

Плишкова во 2-то коло ќе игра против 18-годишната Ана Блинкова од Русија која ја изненади Никулеску со 6:2, 4:6 и 6:4.

9-та тенисерка во светот, Џоана Конта немаше многу проблеми. Таа за повеќе од час и половина ја победи Кирстен Флипкенс со 7:5 и 6:2.

Пласман во наредната рунда обезбеди и Шие на која Карин Кнап и го предаде натпреварот при резултат 6:3 и 2:0 за Шие.

Цибулкова имаше фантастично отворање на Австралијан Опен откако ја победи Алертова од Чешка со 2:0 во сетови, односно 7:5 и 6:2. Тенисерката од Чешка немаше никакви шанси против нејзината противничка од Словачка.

Макарова исто така успеа да победи против Екатерина Александрова со 0:6, 6:4 и 6:1. Таа влезе многу лошо во овој натпревар и го изгуби првиот сет со 0:6, но потоа како да се разбуди „ѕверот“ во неа и успеа да го сврти натпреварот во своја корист.