Аргентинците се налутија поради Суперкласико: Парите ви се најважни, а за навивачите гајле ви е!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Наредната недела на „Сантијаго бернабеу“ ќе се игра реваншот од финалето во Копа Либертадорес помеѓу Ривер плејт и Бока јуниорс.

Суперкласико требаше да се одигра минатиот викенд, но тогаш беше одложено поради инцидентите пред „Монументал“ кога навивачите на Ривер го каменуваа автобусот на Бока.

Иако сите мислеа дека дуелот ќе се игра на „Монументал“, сепак КОНМЕБОЛ ги промени плановите и го пресели дербито во Европа.

Парите се голем проблем и за навиваите од Аргентина, зашто мора да платат многу пари за да стигнат до Мадрид.

Навивачите на двата клуба ќе имаат по 5.000 влезници, 20.000 ќе бидат за Аргентинците кои живеат во Шпанија, 6.000 се за спонзорите и уште 40.000 во слободна продажба.

Очигледно приоритет не се навивачите од Аргентина, кои мора да платат неверојатни 1.800 фунти за пат до Мадрид.