„Арсенал и Јунајтед ни се најголемите ривали за титулата“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Играчот за врска на Челси, Еден Азар смета дека неговиот тим ќе има конкуренција од Арсенал и Јунајтед во борба за титулата.

Челси имаат 9 бодови повеќе од Арсенал и Тотенхем, 10 од Ливерпул, 13 од Сити и 15 од Јунајтед.

„Мислам дека Арсенал и Јунајтед се најголемите конкуренти за титулата. Јунајтед имаше лош прв дел од сезоната, но во последните неколку натпревари играа многу добро. Одиграа нерешено против Стоук, но имаат добри играчи, добар тим и добар тренер.“

„Тотенхем е исто така силен, но според мене најопасен е Јунајтед. Тие се искусни. Тоа е мое мислење, можеби грешам.“