Атлетико повторно го потопи Гихуело – Виљареал, Лас Палмас и Сосиедад осминафиналисти, Кордоба ја шокира Малага


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Пет реванш натпревари се одиграа од шеснаесетина финалето од Копа Дел Реј.

Виљареал ремизираше на Ел Мадригал против Толедо, 1:1. Двата погодоци беа видени во второто полувреме. Вила во 57-ма минута му донесе водство на гостите, а три минути подоцна Пато го израмни резултатот. На крајот натпреварот заврши без победник. Поради победата во првиот натпревар на жолтата подморница од 3:0 се пласираа во осминафиналето со вкупен резултат 4:1.

На Аноета, Реал Сосиедад и Ваљадолид ремизираа, 1:1. Хуанми после дванаесет минути игра му донесе водство на домашните. Гостите израмнија една минута пред крајот на првото полувреме со автоголот на Гонзалез. Во второто полувреме немаше промена на резултатот. Во првиот натпревар Сосиедад славеше со 1:3 и е осминафиналист со вкупен резултат 4:2.

Лас Палмас со 2:1 ја совлада Хуеска во реванш натпреварот. Гарсија во првото полувреме му донесе водство на Лас Палмас. Победата и осминафиналето го осигура Асдурбал после еден час игра на теренот. Финишот на натпреварот донесе уште еден погодок. Гостите намалија на 2:1, но беа елиминирани. Во првиот натпревар овие два клуба одиграа нерешено, 2:2, а после реванш натпреварот со вкупен резултат 4:3 во осминафинале се пласира Лас Палмас.

Кордоба повторно ја шокира и елиминира Малага. На Росаледа, домашните повторно беа поразени, овој пат со 3:4. Се започна добро за Малага, Рамирез му донесе водство. Следуваше погодокот на Пивокари за израмнување. Стрелецот на првиот погодок постигна уште еден погодок за ново водство на својот тим. Радоста на траеше долго бидејќи само после две минути Пивокари повторно му донесе израмнување на Кордоба. Риос од пенал во второто полувреме погоди за водство на гостите. Чори Кастро пред крајот на натпреварот го израмни резулатот и потоа следуваше брз погодок од гостите. Педро Риос го постигна вториот погодок на натпреварот за победа на Кордоба. Кордоба на домашен терен во првиот натпревар славеше со 2:0 и се пласира во осминафиналето со вкупен резултат 3:6.

Атлетико Мадрид и на Висенте Калдерон го декласира Гихуело, 4:1. Гаитан ја започна голедата во Мадрид. Пет минути подоцна Кореа погоди за зголемување на водството на јорганџиите. Хуанфран во 29-та минута погоди за водство од 3:0. Гостите во првото полувреме останаа со фудбалер помалку бидејќи Руиз доби втор жолт картон. Во финишот на првото полувреме Торес погоди за 4:0. Гихуело го ублажи поразот десет минути пред крајот на натпреварот со погодокот на Пино. Јорганџиите во првиот натпревар славеа со 0:6 и се пласираа во осминафиналето со вкупен резултат 10:1.