АТП Доха: Ѓоковиќ се пласираше во ½-финале


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Новак Ѓоковиќ успеа да се пласира во ½-финале во Доха, бидеќи го победи Радек Степанек со 2:0 во сетови, односно 6:3 и 6:3.

Во текот на целиот натпревар Ѓоковиќ доминираше и без некои поголеми проблеми успеа да го заврши натпреварот и да стигне до победата.

Во ½-финалето го пречекува Фернандо Вердаско кој го победи Иво Карловиќ со 2:0 во сетови, односно 6:2 и 7:5.

Ѓоковиќ и Вердаско играа 12 пати досега, а Србинот успеа да победи 8 пати.