АТП Квито – Мелцер по голем маратон го победи Себаљос!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Денес од програмата на турнирот во Еквадор беа одиграни 3 натпревари.

Најмногу возбудувања видовме во натпреварот помеѓу Мелцер и Себаљос.

Мелцер успеа да победи со 2:1 во сетови, по пресврт и голема борба. Во првиот сет изгуби со 6:7, но потоа ги освои вториот и третиот сет со 6:3, односно 7:6.

Вториот натпревар помина добро за Жиралдо од Колумбија, кој беше подобар од Бекер од Германија со 2:0 во сетови, односно 6:4 и 6:4.

Последниот натпревар заврши многу брзо, затоа што Химено-Травер го предаде натпреварот на Типсаревиќ, при водство на Србинот од 4:1 во првиот сет.