АТП Мемфис – Без изненадувања на почетокот!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Досега на програмата на турнирот во САД беа одиграни 4 натпревари.

Во првиот натпревар Нишиока беше подобар од Гарсија-Лопез со 2:0 во сетови, односно 6:4 и 6:4.

Јанг се измачи против Французинот, Манарино кој играше многу добро од самиот почеток на натпреварот, но не успеа да стигне до победата, откако домашниот тенисер со пресврт, односно 3:6, 7:5 и 7:6 стигна до победата.

Опелка со 2:0 во сетови, односно 6:1 и 7:5 беше сигурен против Доналдсон.

Дамир Џумхур стигна до 1/8-финалето откако го победи Кевин Андерсон со 2:1 во сетови, односно 6:7, 7:6 и 6:4.