АТП Монпеље – Вердаско лесно се пласираше во наредното коло!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Денес на програмата од турнирот во Франција беа откажани 2 натпревари.

На останатите натпревари Марченко со 2:0 во сетови беше подобар од Халис.

Бедин успеа да го победи Чориќ со 2:1 во сетови. Во првиот сет беше 7:5 за Бедин, но потоа Чориќ врати со 6:4, а на крајот немаше сила за нешто повеќе, па Бедин победи со 6:1.

Вердаско без никакви проблеми помина во наредното коло откако го победи Барере со 2:0 во сетови, односно 6:2 и 6:1.

Паире беше подобар од Качанов со 2:0, по долга борба со 7:6 и 6:4.

Медведев во последниот натпревар од програмата беше подобар со 2:0 од Камке од Германија и успеа со 6:2 и 7:6 да се пласира во наредното коло.