АТП Софија – Димитров без проблеми против Троицки!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Денес се одиграа 4 натпревари од програмата на турнирот во Бугарија.

Во првиот натпревар Баутиста го победи Милер со 2:0 во сетови, односно 7:5 и 7:6.

Вториот носител на турнирот немаше проблеми со Дарцис, па експресно успеа да го елиминира со 2:0 во сетови.

Домашниот тенисер, Димитров успеа лесно да го победи Троицки со 2 пати по 6:3 и така да се пласира во наредното коло.

Клижан беше шокиран денес од Басилашвили со 2:1 во сетови, откако после првиот сет кој го освои Клижан со 6:0, следуваше пад во играта и 6:3, 6:3 за Грузиецот кој успеа да се пласира во наредното коло.