Ају од пенал му донесе победа на Гана против Уганда (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Репрезентацијата на Гана минимално ја совлада Уганда во натпревар од првото коло од групата Д, 1:0

Гјан после дваесетина минути игра имаше шанса за погодок, но неговиот шут покрај голот. Десет минути подоцна голманот на Уганда, Онјанго одбрани одлично по шутот на Ају.

Се играше 31-ва минута кога Исинде направи прекршок во казнениот простор, а судијата досуди пенал за Гана. Андре Ају од белата точка погоди и му донесе водство на Гана.

Пред крајот на првото полувреме Вилиам немаше среќа да го израмни резулатот бидејќи ја погоди стативата. На полувреме минимална предност за Гана.

 

Атсу во второто полувреме можеше да зголеми, но Онјанго одбрани. Гана на крајот славеше со 1:0 за прва победа на АКН.