Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Тренерот на Баерн, Карло Анчелоти изјави дека Холгер Бадштубер може да замине од клубот, но само на позајмица.
Хамбург е заинтересиран за 27-годишниот фудбалер, а наводно се распрашува и Манчестер Сити.
Тоа што е сигурно, тоа е дека човекот кој во претходните години се мачеше со повреди не е во прв план на Анчелоти.
„Може да замине, но привремено. Тој е дел од моите идни планови. Можеби би било добро за него вториот дел од сезоната да го помине на позајмица.“