Баерн го победи Шалке и најави многу интересна завршница во Бундес лигата


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Последниот натпревар од денешната програма од германската Бундеслига го одиграа Баерн и Шалке и на крајот Баварскиот тим славеше со 3:1.

Тимот на Нико Ковач од самиот почеток на натпреварот ја презеде играта, а на крај испадна дека тоа ги водеше до 14. победа во сезоната.

По само 12 минути Левандовски шутираше, а Брума ја смести топката во својата мрежа и го отвори резултатот.

Во 25. минута Шалке го израмни резултатот преку Кутучу. Сепак радоста на гостите од Гелзенкирехен кратко траеше затоа што Левандовски по само две минути погоди за 2:1.

Конечниот резултат го постави Серж Гнабри во 57. минута.

Со оваа победа Баерн Минхен се доближи до Борусија Дортмунд на само пет бода.