Баерн Минхен им кажа на Јунајтед колку ќе ги чини Ренато Санчез

 

Баерн Минхен јавно соопшти дека нивниот играч Ренато Санчез, би можел да си замине, но тоа ќе се случи само ако некој тим  искешира  40 милиони евра.

19-ет годишниот играч од средината на теренот беше трансфер цел на Манчестер Јунајтед, минатото лето, а според информациите од островот Мурињо би сакал и оваа сезона да го види во дресот на Јунјатед.

Беше рејтингуван многу високо и ги чинеше Баерн 30 милиони евра, Санчез беше стартер на само девет натпревари под палката на Анчелоти.

„Тој нема и во сезоната што надоаѓа да добие многу минути на теренот, а ние сме отворени за негова продажба“ – изјави Румениге.

Освен Манчестер Јунајтед и Милан се споменува како следна можна дестинација на играчот, кој нормално би сакал да игра почесто, отколку што тоа го прави во Баерн Минхен.