Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Бенфика доведе замена за Нелсон Семедо.
Во Баерн сите работат по план, долго и внимателно ги бираат и проценуваат засилувањата. И изгледа дека после еден таков процес одлучија кој во иднина ќе биде на десната страна на теренот кога Филип Лам ќе ја заврши кариерата.
Според О’Жого одлуката падна на 23-годишниот Нелсон Семедо од Бенфика. Ова момче не играше во минатогодишниот натпревар помеѓу овие клуба во ЛШ, но во Минхен сакаат да го доведат. На Луж оваа зима се врати Педро Переира, 18-годишниот кој во 2015-та година замина во Сампдорија. Тој стигна за 2.5 милиони евра плус Филип Џуриќиќ.
Во прилог на ова што го пишува О’Жого одат и шпекулациите дека Филип Лам ќе се пензионира следното лето и ќе биде спортски директор. Таква можност постои иако 33-годишниот дефанзивец има договор до 2018-та година. Исто така, не треба да заборавиме дека Рафиња има 31 година и на Баерн му е потребен млад десен бек кој лесно ќе се адаптира во машинеријата.