Баерн не се откажува од фудбалерот на Челси


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Првиот човек на Баерн Минхен, Карл Хајнц Румениге истакна дека клубот ќе продолжи да притиска за да ги обезбеди услугите на Калум Худсон-Одои следното лето.

Во јануари Баварците испратија неколку понуди за услугите на фудбалерот кој не добива многу шанса од Маурисио Сари, но Челси не прифати ниту една од понудите.

„Верувам дека Хасан е ист како Ули. И во минатото имавме трансфери кои по првите обиди не успеавме да ги обезбедиме, туку ги купувавме играчите „на втора“. И токму на тоа ќе работиме и сега. Ги сакаме најдобрите фудбалери овде, а Хасан е убеден дека тој фудбалер има квалитети“- истакна Румениге.