Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Првиот натпревар на Енфилд помеѓу Ливерпул и Баерн заврши со резултат 0-0, а пред вториот натпревар, клупската легнеда Лотар Матеус го предупреди Баерн дека ќе бидат луди доколку го нападнат Ливерпул во овој натпревар.
Матеус смета дека Баерн е способен да го нападне англсикиот тим, но ги советуваше Баварците да се определат за нешто повнимателен пристап.
„Резултатот 0-0 е пристоен, но секако Баерн нема гол во гости што е уште поопасно кога играте против Ливерпул кој е многу опасен во нападот“.
„Баерн мора да пронајде вистинска рамнотежа, да не прими гол, а да постигне барем еден. Тоа е се што им е потребно“, рече Матеус и додаде:
„Но, рамнотежата е многу важна, но во исто време и многу опасна. Премногу напади во еден момент и Ливерпул тоа ќе го искористи. Од дрга страна премногу одрбеана значи и мали шанси за постигнување на гол . Мора некако да постигнат гол, бидејќи во вакви натпревари не можете да играте 0-0“, заклучи поранешниот играч на Баерн.