Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тренерот на Наполи, Маурисио Сари ја отвори вратата за потенцијален трансфер на Марио Балотели.
Балотели е на позајмица во Ница од Ливерпул, на 9 натпревари постигна 7 голови и полека се враќа во старата форма.
Доколку заигра најдобро што знае, нема сомнеж дека би се вратил на голема сцена.
Балотели досега во кариерата има играно за Милан и Интер, а во иднина би можел да игра и во Наполи.
„Марио има карактеристики да игра во секој тим. Ако не се вклопи како што треба, тогаш тоа не е негова вина, туку тоа е на тимот и тренерот. Јас не сум задолжен за трансфер маркетот, но ако Марио е заинтересиран, можам да му го дадам бројот на спортскиот директор Кристијан.“