Барди со солидно деби во Ла Лига

Македонскиот репрезентативец Енис Барди имаше солиден деби настап во дресот на Леванте.

Клубот од Валенсија ја доби битката против Виљареал со гол во завршницата од натпреварот, а нашиот Барди одигра 70 минути.

Барди беше еден од најзабележителните фудбалери на домашниот тим, а при напуштањето на играта доби силни аплаузи од домашната публика која во репрезентативецот на Македонија доби нов миленик.