Барнс со порака до ‘хејтерите’ на Леброн: “Соочете се со фактот дека сведочите креирање на историја!” (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Откако Леброн Џејмс влезе во НБА пред 14 години, може да се направи аргумент дека оттогаш до денес тој е најдобриот играч во лигата. Сепак, ниту еден играч не се спасил од критика па така ниту Џејмс.

Видеото во кое Стеф Кари и Кајри Ирвинг до исмеваа Леброн повторно ги мотивираше ‘хејтерите’ да го дигнат својот глас против него. Но Мет Барнс има порака за нив. Во гостувањето на емисијата Undisputed на телевизијата FS1 тој ја имаше следната изјава:

“Многу од луѓето се зафатени со мразење на Леброн наместо да се опуштат и да се соочат со фактот дека сведочат пишување на историја.”

32-годишниот Леброн Џејмс во својата кариера има одиграно 8 финалиња, од кои 7 се последователни. Во последното финале во кое што учествуваше тој имаше трипл-дабл просек со 34 поени, 12 скока и 10 асистенции.