Барса дигна раце од Бељерин, имаат нови две мети


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барселона повеќе нема шанса да го доведе Бељерин, а прашање е и дали сакаат поради тоа што младиот фудбалер не е во најдобра форма во последните неколку месеци.

Повеќе пати во текот на оваа и претходните сезони Бељерин истакна дека сака да остане во Арсенал и дека таму му е одлично, а за тоа зборуваше и Арсен Венгер.

Сепак, медиумите блиски до Барса често пишуваа за интересот на каталонскиот клуб за шпанскиот фудбалер, поради тоа што им чкрпи на позицијата десен бек.

Сега се откажаа од него, а пронајдоа две нови мети.

Бељерин не е повеќе во добра форма како на почетокот на сезоната, после повредата не успеа во целост да го покаже својот потенцијал кој го има, а Венгер дури и се жалеше дека во одбраната е нешто послаб отколку што тоа било порано.

Можеби и тоа е причината за откажувањето на Барселона, втора причина пронаоѓаме во Венгер кој не сака да го продаде ова момче во кој и понатака има доверба.

Нови фудбалери што Барса ќе проба да ги доведе се Цезар Аспиликуета и Бенџамин Хенрихс.

Аспиликуета е име во светскиот фудбал и секако е помалку реална мета, поради тоа што е прашање дали Конте само така ќе го пушти да замине од Челси во кој е еден од најстандарните фудбалери.

Од друга страна, Хенрихс е фудбалер на Леверкузен, сеуште е многу млад, има само 20 години и дури успеа да забележи еден настап за репрезентацијата на Германија.

Делува како некој кој може да биде одличен играч на позиција десен бек, баш некој кој би се вклопил во системот на работа во Барселона.