Барселона добива НБА засилување!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Европските тимови последните неколку години успеаја да привлечат во своите редови многу ѕвезди со НБА искуство, а по сѐ изгледа и НБА талентите уживаат во европската кошарка. Шпанската лига е лидер во однос на бројот на играчи со НБА искуство и денеска додадоа уште еден играч на листата.

 

Станува збор за Кевин Серафин, 27-годишен француски репрезентативец кој минатата сезона настапуваше за Индијана Пејсерс. Тој игра на позицијата центар и се очекува да донесе цврстина и офанзивен учинок под кошевите.

Серафин има одиграно 423 натпревари низ седумте сезони кои ги помина во НБА лигата. Лани со тимот на Индијана Пејсерс успеа да стигне до седмото место во источната конференција пред да биде поразен од Леброн Џејмс и тимот на Кливленд во првата рунда од плејоф натпреварите.

 

Кевин Серафин потпиша двегодишен договор со тимот на Барселона Ласа откако денеска ги помина медицинските прегледи. Од крајот на месецот па сѐ до 17-ти септември тој ќе биде дел од тимот на Франција на Европското Првенство во кошарка.