Барселона доби официјална понуда за Малком


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Како што стојат работите, во јануарскиот преоден рок, редовите на Барса веројатно ќе ги напушти Малком.

Овој бразилски фудбалер стигна летово на Ноу Камп од Бордо за нешто повеќе од 40 милиони евра, но не ги оправда очекувањата.

Наредна станица во неговата кариера веројатно ќе биде Кина, поточно тамошниот прволигаш Гвангжу Евергранде кој и понуди на Барса 50 милиони евра за да го реализираат трансферот.

Голем адут на Кинезите во овие преговори е сонародникот на Малком и поранешен играч на Барселона – Паулињо.

Малком досега има одиграно само 128 минути во Ла Лига и ЛШ и тоа комбинирао во седум натпревари.