Барселона доведува аргентински тинејџер од Бока


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Екипата на Барса би можела да заврши уште еден интересен трансфер во наредните денови.

Нов член на великанот од Ноу Камп треба да стане 19 годишниот дефанзивец на Бока Јуниорс Леонардо Балерди.

Се работи за многу талентиран фудбалер за кого се предвидува голема иднина, а Барса за овој талент понуди 10 милиони евра.

Оваа понуда беше одбиена и тоа го потврди претседателот на Бока пред дуелот на двата клуба на Ноу Камп минатата недела.

„Пратиај понуда за играч кој не играше на овој натпревар, но ги одбивме“, изјави претседателот.

Аргентинските медиуми веднаш објавија дека се работи за Балерди, но Каталонците нема да се откажат,  веројатно ќе пратат нова поголема понуда.