„Барселона не го замени Чави како што треба!“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барселона никогаш не го замени Чави како што треба, барем така смета Капело.

Тој смета дека Меси е феномен, дека Нејмар напредува во последно време и Суарез дека е напаѓач каков што и треба на Барселона.

Исто така, тој смета дека тимот на Енрике не е толку силен на средината на теренот како порано.

„Проблемот за Енрике е средината на теренот. Тој има одличен напад, но во редот за врска повеќе го нема Чави кој не беше заменет како што треба, а Иниеста е често повреден. Од друга страна, Реал во последните години има одлични трансфери.“

Каперло го водеше Реал Мадрид во 1996/97 и 2006/07.