Барселона никогаш нема да може да го замени Меси, Роналдо беше поинаква приказна и за мене и за клубот…?!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Како Барселона се подготвува за животот после Меси?

Игледа дека оди тешко, тоа го забележавме во текот на натпреварот изминатиот викенд кога Барселона само поради него успеа да слави против Валјадолид.

Единствено Меси создаваше шанси, секој шут кон голот на противникот одеше преку него, или додаваше, или беше тој кој шутира.

Пред мечот против Лион во Лигата на шампионите, како некој кој ќе направи добра најава се пиави некогашниот играч и на едниот и на другиот тим, Сони Андерсон.

„Се сеќавам кога стигнав во Барселона, требаше да го заменам Роналдо, чинев и повеќе од него. Роналдо беше уникатен играч, а навивачите не знаеја многу за мене бидејќи играв во Франција. Кога некој пристигне наместо Меси, да го земе бројот 10, ќе има уште потешка задача отколку што имав јас“, истакна Андерсон.