Барселона против машинеријата на Солскјер, англиско дерби меѓу Сити и Тотенхем: Познати четвртфиналните двојки во ЛШ (ЖДРЕПКА)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Денес во Нион беа одредени паровите за четвртфиналните пресметки во Лигата на шампионите за сезоната 2018/19, како и потенцијалните ривали во полуфиналето и финалето во европското натпреварување.

Пласман меѓу осуммте најдобри екипи во Европа оваа година изборија Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, Тотенхем, Ливерпул, Барселона, Јувентус, Ајакс и Порто.

Еве ги и паровите во четвртфиналната фаза:

Ајакс – Јувентус

Ливерпул – Порто

Тотенхем – Манчестер Сити

Манчестер Јунајтед – Барселона

Во полуфиналето ќе се состанат најдобрите од овие двојки.

Натпреварите од оваа фаза ќе се одиграат на 9. и 10. април, а реваншите на 16. и 17. април, додека битките во полуфиналето се закажани за 30. април и 1. мај, односно 7. и 8. мај.

Финалето од Лигата на шампионите ќе се одигра на стадионот на Атлетико Мадрид на 1. јуни.