Барселона се засили во дефанзивната линија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Младиот француски дефанзивец кој е дел од Тулуз, Жан Клер- Тодибо е новото засилување на актуелниот шпански првак Барселона.

Барселона и Тобидо веќе договорија соработка, со оглед на тоа што на Тодибому завршува договорот со Тулуз на крајот на сезоната, но сепак се чини дека овој млад шпански дефанзивец ќе му се придружи на шпанскиот великан на крајот на сезоната.

Меѓутоа, шпанските медиуми денес јавуваат дека сепак Барселона постигнала договор со Тулуз и тие ќе платат некоја сума како обештетување, па се чека Тобидо да го стави својот потпис на договорот.

Тодибо веднаш ќе се приклучи на тренинзите на Барселона, а колку минутажа ќе има во продолжение на сезоната најпрво зависи од опоравувањето на Умтити кој сеуште не е комплетно спремен.