Барселона се засилува со анонимец од Грузија кој блесна против Андора! (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Натпреварот помеѓу Андора и Грузија тешко дека некој би го интересирал, зашто во Лигата на нации во група Д, Грузија веќе обезбеди пласман понатаму.

Меѓутоа, сериозните клубови бараат талентирани фудбалери, па на скаутите на Барселона не им беше тешко да заминат во Андора за да погледнат потенцијално засилување.

Станува збор за фудбалерот на Гент, Гиорги Чаветаѕе, кој имаше што да им покаже на Каталонците, откако во ремито со домаќинот постигна гол за својата репрезентација.

Овој 19-годишен фудбалер игра како напаѓач, а во Белгија стигна минатата година од Динамо Тбилиси и остави голем впечаток.

За репрезентацијата на Грузија одигра шест натпревари и постигна четири гола, иако не е класичен шпиц, а Каталонците го следат веќе една година и очигледно им се допаѓаат неговите квалитети.