Барселона се огласи по наводниот трансфер на Рабио


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од Барселона негираа дека постои недозволен контакт со играчот на ПСЖ, Адриен Рабио, но признаа дека се заинтересирани за реализација на трансферот.

Младиот играч од средниот ред има договор со ПСЖ до крајот на сезоната и му е дозволено да преговара со други клубови веќе на стартот на јануари.

Според наводите, шпанскиот клуб веќе ги контактирал застапниците на шпанскиот играч, што не е дозволено, но од клубот веднаш го негираа тоа.

„Немаше кршење на правилата во врска со потписот на играчот на ПСЖ. Единствениот контакт го имавме минатиот август и пред една недела. Во двата случаи, контактот беше со спортските менаџери на ПСЖ. Барселона отсекогаш сака да работи со најголема доверба со ПСЖ и со било кој друг“ стоеше во соопштението од Барселона.