Барселона скапо го „плати“ бодот на „Ванда Метрополитано“ – се повредија двајца фудбалери!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барселона одигра 1-1 против Атлетико Мадрид и така ја одбранија лидерската позиција на табелата во шпанската Ла Лига.

Атлетико имаше водство до самиот финиш на натпреварот, но потоа Осман Дембеле погоди за конечни 1-1.

Ернесто Валверде има нови главоболки, откако се повредија Рафиња, кој ги скина лигаментите на левото колено, како и Серхи Роберто кој доживеа повреда на левата нога, па ќе мораат да паузираат одреден период.

Повредени се уште и Филипе Кутињо, Серџи Сампер и Томас Вермален, но тие тројца би требало до крајот на ноември да се вратат во екипата.