Барселона славеше во Андалузија во екстра возбудлив натпревар, Меси со голем јубилеј (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Одличен натпревар гледавме денеска во Севилја помеѓу домашниот клуб и екипата на Барселона.

„Каталонците“ на крајот се радуваа на победа од 4:2 во која Лионел Меси го постигна својот 50. хет-трик во кариерата.

Домаќините поведоа со голот на Навас во 22. минута, но само четири минути подоцна Меси со вистинска мајсторија донесе израмнување.

Во 42. минута погоди Меркадо за повторно водство на Севилја и со овој резултат се замина на пауза.

Меси во 67. минута со нов гол го израмни резултатот, а на пет минути до крајот на натпреварот покажа уште една фудбалска уметност и погоди за водство од 3:2.

Во 93. минута конечниот резултат го постави уругвајскиот фудбалер, Луис Суарез.