Бензема заврши со ЛШ за оваа сезона, но сепак успеа да испише историја?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Напаѓачот на мадридски Реал нема по добро да го памети својот историски настап во елитното натпреварување.

„Стариот континент“ ќе добие нов клупски шампион, по трите во низа титули во Лигата на шампионите, Реал оваа сезона го заврши својот настап.

На патот на кралскиот клуб му застана Ајакс кој на „Бернабеу“ славеше со 4:1, предводен од фантастичкиот Душан Тадиќ.

Единствениот погодок за Реал на мечот го постигна Марко Асенсио, Бензема не успеа да го поправи својот учинок во Лигата на шампионите, тој е четврти стрелец во историјата на елитното натпреварување, кога
ќе се вклучат квалификациите, со 60 погодоци, пред него се само Роналдо, Меси и Раул Гонзалес.

Сепак, иако на неславен начин го заврши учеството во Лигата на шампионите со Реал оваа сезона, Бензема успеа да испише историја.

Имено, напаѓачот на мадридски Реал се изедначи со Тиери Анри по бројот на настапи во Лигата на шампионите.

Обајцата имаат по 112 настапи и се наоѓаат на врвот на листата француски играчи во ЛШ, кога бројот на настапи во елитното натпреварување е во прашање.

Оваа сезона, популарниот „Бенз“ нема да може да ја прескокне легендата на Арсенал, останува да видиме следната, бидејќи без сомнеж не очекуваат големи промени во Реал.